Рече и трет пат „ДА“: Кортни Кардашијан на церемонијата во Портофино изненади во венчаница со верски мотив (ФОТО)
Кортни Кардашијан и нејзиниот вереник Тревис Баркер ја одржаа и третата свадбена церемонија.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер прво се венчаа во Лас Вегас по доделувањето на Греми наградите, а потоа неодамна во Санта Барбара на многу специфична церемонија, а ја најавија и својата трета венчавка во Италија.
Кортни и Тревис ја организираа, се чини, најсериозната од сите три свадби досега, а церемонијата се одржа во прекрасното италијанско гратче Портофино.
Во прашање е интимна прослава, но не помалку спектакуларна.
Кортни носеше венчаница на Долче и Габана со долг превез на кој е Богородица и сведена фризура. Немаше премногу шминка, се беше софистицирано и во нежни бои.
На оваа церемонија присуствуваа семејства, за разлика од втората венчавка кога Кортни ја покани само баба ѝ, а носеше фустан кој беше мета на критики.
Да потсетиме, за Кортни ова е прв брак, додека за Тревис трет, а иако и двајцата имаат деца од претходните врски, таа не крие дека сака и со Тревис да има дете. Неодамна беше критикувана дека има вишок килограми, па зборуваше за ин витро оплодување и истакна дека тоа е тежок процес за неа, но не сака да ја изгуби надежта.
Фото: Instagram Screenshot
Во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила: Кортни и Тревис споделија фотки од „лудата“ венчавкаБрзинска венчавка под дејство на алкохол во Лас Вегас: Кортни Кардашијан и Тревис си кажаа „ДА“
Кортни се омажи во мини фустан и бордо салонки: На венчавката не присуствуваше семејството Кардашијан-Џенер