Кортни се омажи во мини фустан и бордо салонки: На венчавката не присуствуваше семејството Кардашијан-Џенер

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално се венчаа.

По „пробната“ венчавка во Лас Вегас на 4 април по доделувањето на Греми наградите и малку текила, овојпат, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално кажаа „да“ во неделата.

Кортни Кардашијан се омажи за тапанарот Тревис Баркер, а ова е втора венчавка од планираните три пати! Парот ги изненади сите со пијана свадба во Лас Вегас, а по оваа сегашна церемонија, каде легално стапија во брак, најавен е голем спектакл во Италија закажан за ова лето.

Во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила: Кортни и Тревис споделија фотки од „лудата“ венчавка

Кортни (42) и Тревис (46) во неделата се венчаа во општина Санта Барбара. Кортни носеше едноставен бел мини фустан кој наликува на фустан за плажа, а Тревис облече црн костум. 

Тие беа придружувани од само неколку пријатели и нејзината баба, додека познатите сестри на Кортни - Клои, Ким, Кајли и Кендал и мајката Крис не беа на повидок, ниту пак нивните деца беа забележани таму.

Ова е прв брак на Кардашијан, која има три деца од врската со Скот Дисик, а претходно изјави дека би сакала со Тревис да има барем едно. Тапанарот од бракот со Шејн Муклер има две деца. Кортни го започна и процесот на ин витро оплодување и неодамна зборуваше за тоа колку е тешко, но не губи надеж дека ќе добие четврто дете.

Призна и дека има проблеми со хормоните, поради што се здебелила неколку килограми, а минувала и низ депресија.
„Поради лековите што ги земам, буквално сум во менопауза. Телото ми се исклучи. Нерасположена сум и депресивна, не се чувствувам добро", заклучи Кортни во нивното шоу.

извор:zenablic

фото:Profimedia

Залуден е гламурозниот изглед, кога однесувањето е невкусно: Кортни и Тревис окарактеризирани како симбол на вулгарност на Оскарите