,

Ѝ нудеа операции за да ја намали тежината, но мене ми се допаѓа секоја кривина на нејзиното тело: Пирс Броснан со емотивна посвета за 28 години брак со сопругата

Ти си светлината на мојот живот - Пирс Броснан со емотивна порака ѝ ја честиташе на сопругата годишнината од брак.

Секоја жена сака ваков маж покрај себе!

Познатиот ирско-американски актер на својот Инстаграм профил објави компилација од заеднички свадбени фотографии со сопругата Кели за 28-годишнината од брак.

„Пред 28 години, на четвртиот ден од осми месец, се запознавме во Кабо Сан Лукас, Мексико. И се венчавме во замокот Ашфорд во Ирска... Мојата вечна љубов, ти донесе радост и среќа во мојот живот. Ти си светлината на мојот живот“, напиша познатиот актер со фотографии од венчавката.


Дека ова е концептот на брак за маж кој ве сака онакви какви што сте, Пирс покажал многу пати досега.
Во една прилика на новинарско прашање како се чувствува во врска со фактот дека неговата сопруга изгледа сосема поинаку денес и е поправена, тој рече:

„Нејзините пријатели ѝ нудеа операции за да ја намали тежината. Но, мене ми се допаѓа секоја кривина на нејзиното тело. Во моите очи, таа е најубавата жена на светот. Покрај тоа ми подари деца... Јас порано ја сакав поради нејзината личност, не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе откако стана мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов “.