Огнен Амиџиќ тајно се венчаше со 14 години помладата Мина - водителот потврди: Сакавме тој чин да остане само за нас

Добивај вести на Viber

Мина Наумовиќ веднаш по венчавката промени една работа на својот Инстаграм профил.

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата 14 години помлада избраничка и колешка Мина Наумовиќ во тајност го кажаа судбоносното „да“.

Набргу по шпекулациите за нивната венчавка, Амиџиќ проговори за медиумите и ги потврди сите наводи: „Точно е, се венчавме. Сакавме да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Веќе живеевме заедно предбрак, сега е само и на хартија. Сакав Мина да го има истото презиме како мене и сега го има моето презиме, фактот што го остави своето на Инстаграм - тоа само ве лаже, да знаете. Кога љубовта се случува, нема што многу да се зборува“, рече тој.

Бремената Мина не се фотографираше за на Инстаграм, но веднаш направи една работа на оваа социјална мрежа - покрај своето го додаде и презимето на Огнен. Сега е Мина Наумовиќ Амиџиќ.

Фото: Инстаграм
Извор: mondo.rs