Почина девојчето кое 12 дена се бореше за живот откако беше застрелана од Коста К.: Масакрот на Врачар ја доби 10-тата жртва

Добивај вести на Viber

Девојчето кое почина денес на Универзитетската детска клиника „Тиршова“ е уште една во низата жртви од масакрот извршен во Врачар. Девојчето А.А кое беше тешко повредено во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишниот Коста К. на 3 мај во при што загинаа девет ученици и еден чувар.

Инаку, девојчето кое се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова била примена со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“. И покрај натчовечките напори на лекарите,  рано утрово тоа има подлегнало на повредите, и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување.


Фото:republikars/tanjug/screenshot