ПОДДРШКА ОД „БОРТАС“ ЗА МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗА КУПУВАЊЕ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

Добивај вести на Viber

Градежната компанија „Бортас“ започнува нов проект  за поддршка на сите микро, мали и средни претпријатија што се во потрага по сопствен деловен простор.

Препознавајќи го капацитетот и потенцијалот на сите што сакаат да започнат нов бизнис, оваа градежна компанија им нуди грејс-период од 6 месеци на сите претприемачи кои сакаат да купат деловен простор.  Овој период од 6 месеци, како што велат од компанијата, е доволен новиот претприемач да почне со развивање на својот бизнис и да стекне право да аплицира за кредит во некоја од комерцијалните банки за да го купи просторот што го користи во грејс-периодот. Од градежната компанија „Бортас“, која на пазарот опстојува 28 години, велат дека имаат одлична соработка со комерцијалните банки кај нас и дека на своите клиенти секогаш  им се достапни за консултација и поддршка во водење на целиот процес- од избор на соодветен простор, преку аплицирање за кредит, до добивање имотен лист.


Идејата за овој проект потекнува од фактот што започнувањето сопствен бизнис бара сериозна инвестиција, а високите цени за закуп на деловен простор дополнително го оптоваруваат буџетот на ново формираната компанија. Со проектот, градежната фирма „Бортас“ нуди намалување на почетните трошоци на новите претприемачи, по реалксирано планирање на средствата со кои располагаат  и избегнување на трошоците за закуп на деловен простор со пренасочување на истите во трајна инвестиција.

Во програмата за поддршка на млади и креативни бизниси, посебен акцент е ставен на социјално одговорните претприемачи, за кои „Бортас“ нуди посебни услови и поволности.


Иако проектот е наменет за сите млади претприемачи што сакаат да започнат нов бизнис, во програмата посебно ги издвојуваме оние претприемачи кои својот бизнис го развиваат во насока на социјално одговорен бизнис. За сите претпријатија кои преку своето работење вршат позитивен импакт врз општествената заедница, а со тоа се активно вклучени во развојот на социјалната економија во земјата, нудиме значително пониски цени за м², а за новоотворените социјално одговорни компании, грејс- период од цели 12 месеци. Со ова, сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме младите претприемачи да размислуваат поодговорно во креирањето на својата бизнис-стратегија, а со своето натамошно работење да влијаат позитивно врз создавањето поздраво и поодговорно општество.“вели Бојана Бораниева од „Бортас“.

Со своето 28-годишно постоење и силно изградено чувство за одговорно претприемништво,  градежната фирма „Бортас“ отсекогаш ги поставувала и подобрувала стандардите за квалитетна градба и хумано живеење. Со овој проект од компанијата се надеваат дека ќе влијаат и на останатите големи компании - двигатели на економските процеси во земјава, да го стават одговорното работење пред профитот.

Повеќе информации во врска со целиот проект можете да добиете на +389 2 322 76 25 или наwww.bortas.com.mk