Повторно фасцинира: Џеј Ло скоцкана во најнови модни парчиња на виртуелна модна ревија
Пејачката се облече „за
првиот ред“ на популарна модна ревија во која јавни личности се појавуваа само
на екранот
Американската пејачка и латино дива Џенифер Лопез (51) минатата недела се појави на виртуелното шоу „Балмен“, па се облече и го „запали“ интернетот.
Имено, убавата пејачка беше облечена од глава до пети во комбинација на „Balmain“ која чини 2.694 фунти (183.000 денари), а оваа година, својот изглед го снимаше во првиот ред од студиото.
Она што е интересно е тоа што славните личности не се појавија во живо поради опасност од коронавирус, но наместо ВИП гости, имаше наредено екрани за да се видат познатите гости кои во тоа време беа во студиото.
Џенифер објави серија атрактивни фотографии на социјалната мрежа Инстаграм со опис: „Ретроспектива на модната колекција „Балмен“ за пролет 2021“.
Латино дивата во моментов ја следат 132 милиони следбеници на Инстаграм, а бројот на следачи расте секој ден.
Џеј Ло на виртуелното шоу „седна“ покрај „модната мајка“ Ана Винтур (70), а покрај нив, од студиото се придружија и пејачката Ашер, моделите Клаудија Шифер и Кара Делевињ, Крис Џенер, раперот Меган Д Сталион и многу други.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Џенифер Лопез во солзи поради ќерка ѝ: Пејачката во шок од одлуката на Ема, ова најмногу ја повреди!
На која ѝ стои поубаво: Лила Филиповска со фризура како Џенифер Лопез