Џенифер Лопез во солзи поради ќерка ѝ: Пејачката во шок од одлуката на Ема, ова најмногу ја повреди!

Добивај вести на Viber

Ќерката на Џенифер Лопез, Ема донесе одлука што нејзината славна мајка воопшто не ја сака

Имено, домот на музичката sвезда е многу напнат. Според извештаите на странските медиуми, Ема сфатила дека повеќе не може да живее со нејзината мајка и нејзиниот вереник Алекс Родригез и сака да биде со нејзиниот татко, пејачот Марк Антони.

Ема не ја донела одлуката преку ноќ, но досега молчеше за својот план. Таа смета дека е време да живее малку со нејзиниот татко затоа што многу и недостасува. Дополнителна причина за нејзиното заминување е што наводно повеќе не може да ги слуша секојдневните расправии меѓу нејзината мајка и Алекс.

- Ема не се расправаше со Џенифер. Убаво и смирено и објасни дека сака да помине извесно време со нејзиниот татко. Пејачката се шокираше во секунда, но свесна е за сè и ја почитува одлуката на својата ќерка. Таа беше видно вознемирена по разговорот и многу боли што беше една од причините за заминувањето на нејзината ќерка - наведува извор за американскиот таблоид.

Пејачката повеќе пати истакна дека среќата на близнаците Ема и Макс и е најважна и дека нејзините деца се секогаш пред сè.

- Кога ќе станете мајка, целиот свет добива ново значење. Ги обожавам моите деца кои растат толку брзо. Понекогаш сакам да го запрам времето за таа да остане со мене што е можно подолго. Не можам да го замислам денот кога тие ќе го напуштат моето „гнездо“. Сигурна сум дека срцето ќе ми се скрши - изјави неодамна латино дивата.


Фото:Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Случајност или не: Џенифер Лопез во новиот спот ја ископира Ана Николиќ

За тело како на Џенифер Лопез: Ефективен 20-минутен тренинг е сè што ви треба! (ВИДЕО)