Случајност или не: Џенифер Лопез во новиот спот ја ископира Ана Николиќ

Латино дивата објави ново видео, а многумина коментираат дека еден детаљ не може да биде случајност.

По долго очекуваното враќање на Ана Николиќ на јавната и музичката сцена, медиумите и социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од еден од нејзините нови видео записи.

Добро познатите кадри во кои убавата Ана седи на балконот и чита весник со косата завиткана во крпа и со очила за сонце, сите ги видовме.

Затоа, не е изненадување што нејзините обожаватели веднаш ја забележаа сличноста кога ги видоа истите снимки во новиот спот на нејзината американска колешка Џенифер Лопез и пејачот Малума, за песната Pa Ti + Lonely. 

Покрај тоа, двете во спотот читаат статија за себе, што мислите вие случајност или не?

Погледнете ги спотовите на Ана Николиќ и на Џеј Ло: