За тело како на Џенифер Лопез: Ефективен 20-минутен тренинг е сè што ви треба! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Латино дивата со редовен тренинг ја одржува својата фит фигура на 50-годишна возраст

Партнерот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, објави видео на Youtube, кое накратко ја опишува фитнес програмата што ја вежба познатата латино sвезда.

Таа има 51 година и е една од најубавите жени во шоу-бизнисот. Џеј Ло очигледно има добри гени, но работи и многу напорно за да ја одржи фигурата и дефиницијата на своето тело. Познато е дека Џенифер е голем љубител на фитнесот и за да остане во форма - тренира секој ден. Секако, обуките за танцување и подготовките за настапи многу придонесуваат за нејзината општа состојба.
Нејзиниот партнер Алекс Родригез објави видео на Youtube во кое накратко се опишува програмата за фитнес на пејачката и вежбите што ги прави.

Оваа 20-минутна програма е многу ефикасна, го придвижува целото тело и благодарение на тоа, согоруваат голем број калории. Оваа сесија вклучува повеќе видови на вежби.

Што вклучува 20-минутна програма за фитнес?

-400 метри брзо трчање
-Клекнувања со тегови (15 повторувања)
-10 склекови
-Вежби за рамо со тегови (15 повторувања)
-Вежби за мускули на грбот (15 повторувања)

Видео:  Alex Rodriguez

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) За 12 часа собра 3 милиони лајкови: Латино дивата Џеј Ло го сруши Инстаграм