“Се враќаме во училиште” - бонус од 20% со Американ Експрес во книжарниците на Просветно дело
Имајќи го предвид почетокот на новата учебна година, корисниците на Американ Експрес картичките со секоја трансакција во книжарниците на Просветно дело во периодот помеѓу 01.09.2018 година до 16.09.2018 година добиваат 20% поврат на средствата од износот на направената трансакција.
Со кампањата “Се враќаме во училиште” на Силк Роуд Банка АД Скопје и Просветно дело, корисниците на Американ Експрес картичките имаат можност да добијат неверојатни 20% бонус, односно поврат на средствата со секое купување во книжарниците на Просветно дело, без ограничување на максималниот износ на трансакцијата и максималниот изност на повратот на средствата. Заедничката кампања “Се враќаме во училиште” ќе трае до 16.09.2018 година.
Дополнително, со секоја сметка над 500 денари во книжарниците, корисниците од Просветно дело добиваат ваучер со 20% попуст кој може да се искористи при наредното купување во книжарниците (до 30.10.2018 година).
Силк Роуд Банка АД Скопје на сите родители и нивните деца им посакува успешен почеток на учебната 2018/19 година.
Доколку сеуште немате аплицирано за Американ Експрес картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката, на веб страницата www.silkroadbank.mk или на телефонските броеви 02/3289 405 или 02/3289 477.