„Секоја коска боли неподносливо, со прст не можам да мрдам“: Наташа Беквалац, прикована за кревет, прима инфузија, ги загрижи сите со својата објава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Наташа Беквалац ги загрижи обожавателите кога на Инстаграм објави дека е во лоша здравствена состојба

Сподели фотографија од својот кревет, додека прима инфузија и откри дека моментално има вирус, кој тешко го поднесува.

„Никогаш во животот не сум го почувствувала ова. Луѓе, каков вирус е ова, секоја коска боли неподносливо, не можам да мрдам ниту прст, ниту око, ништо... Температурата дивее. Исусе, ова е сто пати полошо од корона“, напиша Наташа.

Инаку, нејзината колешка Станојка Митровиќ Ќана неодамна објави дека го има вирусот, и дека е во иста ситуација како и Беквалац.

- Драги пријатели, од сè срце сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката, убавите зборови, разбирањето и сета хуманост што ја покажавте. Од Бога ви посакувам здравје. Не го потценувајте овој вирус, како и да се вика, бидејќи е ужасно упорен и се удвојува. Го потценив, мислејќи дека можам да се справам со него на нозе, а тој ме казни. Подобро сум, фала богу, но сè уште не сум целосно излечена. Сè уште се присутни неуморната кашлица, шлајмот и севкупната слабост. Главоболката, температурата и засипнатоста ги нема – напишала Ќана.

Извор: www.blic.rs