„Во право се кога ќе кажат дека на 30 сте во најубавите години од животот“: Елеонора Кочовска го прослави роденденот со несекојдневна торта (ФОТО)
Популарната Нора која на социјалните мрежи е доста активна и препознатлива по тоа што сака да го фотографира своето извајано тело, но и како поранешна учесничка на реалното шоу „Задруга“, го прослави својот 30-ти роденден. Нора која на сите им е позната по името и презимето Елеонора Миљковиќ објави фотографија од роденденската торта која е доста необична.
Под фотографијата, таа напиша:
-Во право се кога ќе ви кажат дека на 30 сте во најубавите години од животот, сепак јас мислам дека со вистинските луѓе околу себе ќе се чувствувате убаво во секоја животна доба, а годините ќе бидат само една бројка која ќе биде причина за луѓето да ги збунуваш и секој пат да ја слушнеш омилената моја реченица : “ Нема шанси ти да си на ТИЕ години и да изгледаш вака”.
Фото: Инстаграм/ЕлеонораКочовска