Животна училница // Приказни
Заведувал малолетници и поседувал детска порнографија: Уапсен пејачот Ар Кели
Проблематичниот аренби пејач Ар Кели е уапсен сношти во Чикаго, поради 13 обвиненија.
Музичарот се терети за кршење на федерални закони поврзани со детска порнографија и трговија со луѓе. Од Чикаго, се очекува Кели да биде префрлен во Њујорк.
„Ар Кели се терети по повеќе основи. Тој е обвинет за поседување и дистрибуција на детска порнографија, троговија со луѓе, заведување на малолетници, секс со робинки“,изјави портпаролот на Јавното обвинителство на САД, Џозеф Фицпатрик.
Поради обвиненија за сексуални прекршоци, ова е второ апсење за пејачот за неполни шест месеци. Претходното негово апсење беше во февруари годинава. Кели, кој е добитник на Греми, тогаш се изјасни како невин и беше ослободен со кауција.
Фото: Њујорк тајмс