10 пронајдоци за кои се задолжени жените

Добивај вести на Viber

Во текот на целата историја, жените на непроценлив начин имале свој придонес во светот.  Денес не можеме да го замислиме светот без производите на женскиот ум.

Ќеса од хартија

Во 1868 година, работинчка во фабрика за памук прва ја измислила ќесата од хартија, но маж со име Чарлс Анан и ја украл идејата и прв ја патентирал. Жената го тужила и после долга битка победила и добила патнет за својот пронајдок.

Бришачи а автомобил

Во 1903 година, Мери Андерсон се сетила како бришачите за кола би биле многу корисни.

Идентификација на повикувачот и повик  на чекање

Истражувањата на Ширли Ан Џексон во телекомуникациите довеле до пронајдоци како идентификација на повикувач и повик на чекање.

Монопол

Елизабет Меги е одговорна за една од најпопуларните игри на сите времиња. Оваа игра оригинално се викала “The Landlord’s Game” и е патентирана во 1903 година.

Соларно греење

Доктор Мариа Телкес одговорна е за првиот систем за греење на соларна енергија. Во 1925 година се преселила во САД, каде што работела на проект кој се занимавал со овие проблематики.

Рачен апарат за правење на сладолед

Во 1943 година, Ненси Џонсон го измислила првиот рачен апарат за правење сладолед.

Пиво

Иако со сигурност не може да се докаже кој прв го измислил пивото, истражувањата покажуваат дека тоа било жена, односно жени. Пред 7 000 години жените во Месопотамија биле задолжени за произведување на пиво.

Противпожарни скали

Во 1897 година, Ана Конли ги измислила првите противпожарни скали во случај на опасност од пожар.

Панцир

Верувале или не, првиот заштитнички панцир, односно материјалот кој се користи за негова изработка го измислила жена. Нејзиното име е Стефани Кловек.