Да се лутам на Бога за она што го немам или да му бидам благодарен за она што го имам: 10 совети од Ник Вујичиќ

Еве неколку совети и изреки на Ник, да нè инспирираат да живееме живот како Ник, без ментални ограничувања и стравови.

Многу луѓе го нарекуваат познатиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ, чудо човек. Иако е роден без раце и нозе како резултат на ретка болест, тетра-амелија, тој докажува дека  невозможното - сепак е возможно.
Ник покрај физичката попреченост, успеа да постигне многу од тоа за кое сонувал - патувал низ многу земји, одржал стотици предавања, дипломирал на колеџ, напишал две книги, се оженил и станал татко.


1. Имате два избори во животот: да бидете огорчени или да бидете подобри. Изберете да бидете подобри. Никогаш не сум сретнал огорчена личност која е среќна. Ниту среќна - која е огорчена.

2. Благодарен сум што сум жив иако мислев дека мојот живот не вреди. Никогаш не знаете што може да направи Бог со вашите скршени делови сè додека не му ги дадете.

3. Што мислите, што треба да изберам: да се лутам на Бога за она што го немам или да му бидам благодарен за она што го имам? На моите семинари, луѓето ми кажуваат дека едноставно не можат. Стари се, премногу млади, премногу дебели, преслаби, немаат пари, немаат време, во основа, тие секогаш имаат изговор зошто не можат! Ајде да се разбереме и јас бев таков! Работите се сменија од моментот кога започнав да барам начин, наместо да барам изговор.

4. Наместо да преземат одговорност, некои луѓе претпочитаат да ги обвинуваат сите други за она што им се случува. Ако животот ви даде погрешна картичка и ги нарушува вашите планови, можете да го обвините Бога, универзумот, родителите или детето кое го украде вашиот сендвич во трето одделение од основно училиште. Сето ова нема да ви помогне воопшто. Единствениот начин е да надвладеете променетите околности и да го следите вашиот пат.


5. Која е поентата да сте исполнети однадвор, но празни одвнатре? Запомнете - дејството предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите вашите соништа, принудете се да пробате само уште еден ден, една недела, друг месец, друга година… Ќе бидете изненадени од она што се случува кога постојано одбивате да се откажете.

6. Предизвици постојат за да нè зајакнат, а не да нè престигнуваат.

7. Ако постојано се сеќавате на старите рани, му давате моќ и контрола на оној што ве повредил, но ако му простите, прекинувате каква било врска со него. Тогаш тој веќе не може да има никаква врска со вас. Немојте да мислите дека простувањето е од корист за луѓето на кои сте им простиле, направете го тоа за себе.

8. Можеби немам раце да ги држам рацете на жена ми, но да го држам срцето, не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.

9. Стравот е поголем хендикеп отколку да немате раце и нозе. Долго време, не бев подготвен да се соочам дека она што е навистина погрешно со мене не е моето тело, туку ограничувањата што си ги поставував на себе, како и мојата ограничена верзија на животните можности.

10. Синдромот „Јас би бил среќен да го имав тоа и тоа“ е масовна измама. Ако барате среќа во материјални работи, никогаш нема да имате доволно. Прво погледнете наоколу, а потоа погледнете внатре.