10.10.2022 година - денот кога вашиот живот се менува: Тој е најмоќниот ден од октомври, а еве што ќе се случи
Најмагичниот ден во октомври ќе биде 10.10, а покрај тоа што тој е нумеролошки силен, тогаш ќе се случат уште поважни работи кои може да влијаат на нашата судбина...
Во секој месец во годината се наоѓа по еден т.н. датум огледало - ден кој по својот реден број е ист со редниот број на месецот. Во октомври, десеттиот месец, тоа е 10-от ден, а покрај нумеролошката моќност што ќе ја има 10.10, овој пат уште некои работи ќе ни донесат среќа.
Имено, 10 октомври оваа година се паѓа во понеделник, што значи дека неговата сила и енергија ќе бидат од големо значење ако сте подготвувате за некој нов почеток: врска, работа, ситни или крупни промени во својот живот, како што се диета, тренирање, важни одлуки и слично.
Што се однесува до нумерологијата, десетката е број кој означува довршување, целост, крај на кругот, момент кога сè е во рамнотежа. Ако тој број се удвои, како во случајот со 10.10, моќта на бројките е уште поголема, како и вибрациите. Ова го прави овој ден одличен за манифестирање, закон за привлекување, молитви... Сè што ќе примените во вашата потрага по благосостојба.
Десеттиот ден од октомври е оној во кој завршува метеорскиот дожд Драконида, метеорскиот дожд кој е активен од 6 до 10 октомври. Тие обично се сметаат за „ѕвезди што пукаат“ и се верува дека ја обезбедуваат креативната енергија потребна за да се направат некои промени во животот - дури и најмалите, како што е одлуката да се започне со штедење.
На овој ден Меркур ќе се пресели во Вага, што значи дека ќе изгуби дел од својата моќ. Ова, сепак, не е лоша вест - со оглед на тоа што ќе влезе во полето на Вага, ќе ни донесе стабилност, спокојство и внатрешен мир, а ќе ја олесни комуникацијата и постигнувањето компромиси со другите.
фото: freepik.com