12 чекори до добри родителски навики и среќно семејство

Добрите родители знаат дека родителството е доживотна задача, а еве што според нив се навиките на добрите родители:

1. Размислете за времето. Како вашите деца поминуваат во училиште или градинка?Колку време има за вас? Добрите родители сфаќаат дека нивниот брак/врска не е само нивна работа, туку се однесуваат како пример за своите деца за целиот свој живот. Бесот, нетолеранцијата или љубезноста која родителите ја покажуваат еден спрема друг ќе се пренеси и на другите генерации.

2. Бидете присутни и слушајте. Кога добро слушате, тогаш некого и го запознавате. Сите ние мора да слушаме и тоа што го слушаме да го земаме в предвид. Добрите родители знаат дека нивниот свет се врти околу нивните деца, но тоа не е случај со надворешниот свет. Ако за тоа прашање се збунети, ќе бидат збунети и нивните деца.

3. Делата се погласни од зборовите. Вашите деца мора да имаат емпатија, самопочитување, самодоверба, но и таков модел мора да покажете. Добрите родители допираат длабоко во страста на децата, покажувајќи им на своите деца почит и грижа. Тие пронаоѓаат повеќе начини на коишто можат да се поврзат. Играјќи игри кои ги сакаат децата, тие покажуваат дека го почитуваат нивниот избор, дури и кога не е по нивна волја.

4. Вдишете длабоко. Видете како животот има убави нијанси кога нашите гради се полни. Добрите родители имаат здрав однос спрема парите, храната и алкохолот. Сите овие се работи кои се учат дома и тешко е да се менуваат подоцна во животот. Добрите родители на своите деца им даваат добра основа.

5. Брзиот живот од гаража во гаража, од тренинг на некоја друга активност може да го оштети нашиот однос со децата. Добрите родители негуваат добри односи кон своите браќа и сестри, сфаќајќи дека односот помеѓу нивните деца ќе биде еден од најважните во нивниот живот.

6. Нека „не“ биде „да“. Секој дом е како држава со безбедност и комфор. Добрите родители се во состојба да им кажат на своите деца дека не се добри во нешто, знаејќи дека во тој случај, искреноста ќе има поголема тежина и важност.

7. Играјте си. Ова е јазикот на кој децата комуницираат. Добрите родители го покажуваат истиот ентузијазам кон првото и последното дете, без разлика дали станува збор за никнување  на запче или запишување на факултет. Нема сомневање дека овие работи се вистински предизвик за родителите.

8. Хранете ја и душата, но и телото. Многу е важно како детето се храни. Добрите родители бараат децата да живеат според своите потенцијали, дури и кога детето се лути и предизвикува презир кон родителот. Децата кои се поттикнати да го дадат максимумот од себе во било што - спорт, учење или нешто трето - рано ќе научат да се фокусираат и ќе научат дека трудот се исплати.

9. Смејте се, не е крај на светот. 

10. Правете заеднички проекти. Кога добрите родители гледаат дека нивното дете е несреќно, не паничат, туку темелно ќе се преиспитаат себеси.

11. Учете ги децата да бидат благодарни и да кажуваат „благодарам“. Отворено укажете им на децата ако имаат некои добри карактеристики. Ценете ги. 

12. Заборавете на грешките, сите ги правиме. Фокусирајте се на нешто друго. Животот е растење, напредок, и затоа тргнете напред уште посилно. Ако сте вложиле во вашите деца, тоа е вредно и неповторливо.