125 новозаболени, 2 починати: Вкупната бројка надмина 2900

Министерот за здравство, Венко Филипче ги објави најновите бројки на заболени.

Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 46
- Kуманово 19
- Штип 17
- Прилеп 1
- Тетово 16
- Струга 7
- Велес 3
- Битола 1
- Охрид 5
- Гостивар 6
- Кочани 1
- Делчево 1
- Неготино 2

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

- Прилеп 2
- Тетово 1
- Велес 4
- Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.