13 години заробеништво, проблеми со менталното здравје и семејството...: Тешката животна приказна на некогаш најпопуларната светска пејачка, доби документарец (Видео)

Добивај вести на Viber

Животот на некогаш најпопуларната пејачка во светот Бритни Спирс, доби документарен филм. Во него е прикажан проблематичниот живот на поп-ѕвездата, животот во „заробеништво“и сите мили и немили настани кои ја следат од почетокот на кариерата.

Во него детално се зборува за нејзиното ментално здравје и проблемите со кои се соочува.

-Бритни живее речиси во изолација. Поголемиот дел од времето е сама дома, рече извршниот продуцент, Чарлс Латибодер.

Дел од нејзиниот живот и тоа како го поминува времето се опишану токму во тој документарец. Таа знаела да се вози со часови во автомобил, да спие со денови или да да вежба и танцува за тоа да мооже да го објави на социјалните медиуми.

Покрај менатлното здравје таа има проблеми со семејството и сегашниот партнер, иако детали од документарецот се подложни на демант, посебно од сегашниот сопруг на пејачката Сем Асгари


Фото: BritneySpears/Facebook