14 ГОДИНИ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ - РОДЕНДЕНСКИ ПОПУСТИ – 50% НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ
Интегриран здравствен систем каде што пациентот е ставен во фокусот на грижата, квалитетна здравствена услуга и безбедност на пациентите се вредностите што ја направија Клиничката болница „Аџибадем Систина“ лидер во здравствениот сектор во изминатите 14 години. Во болницата досега се изведени повеќе од 170 000 хируршки интервенции, 1 700 000 амбулантски услуги, како и импозантна бројка од над 1 милион регистрирани пациенти. Благодарение на стручноста на тимот и најсовремените услови за здравствена грижа, „Аџибадем Систина“ продолжува да биде првиот избор на пациентите од земјава и регионот.
50% НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ
Довербата на пациентите чијшто број постојано расте е доказ за успешната визија на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да овозможи врвна здравствена услуга според светски стандарди достапна за сите пациенти. По повод роденденот, на сите пациенти што сакаат да направат превентивен кардиолошки или гинеколошки преглед, лабораториска анализа или радиолошко снимање во функција на заштита на сопственото здравје,во следните три месеци ќе им овозможи викенд промоции со 50% попуст.
ØДИЈАГНОСТИЧКИ ЛАБОРАТОРИИ
Пациентите можат да искористат 50% намалување на цените на многуте лабораториски испитувања во Одделот за дијагностички лаборатории, користејќи ги привилегиите да направат лабораториски анализи во интерес на подигање на свеста за редовни контроли и грижа за сопственото здравје. За време на викендот од 8 до 20 часот, најголем дел од лабораториски анализи ќе бидат намалени за 50%, а добиените резултати можат бесплатно да бидат интерпретирани од страна на одговорно стручно лице во некоја од амбулантите од Дијагностички лаборатории, секој работен ден од 8 до 16 часот.
ØКАРДИОЛОГИЈА
Кардиолошките болести и понатаму остануваат на врвот на најчести причинители за смртност во земјата и светот. Затоа кардиолозите советуваат редовни кардиолошки прегледи со цел превенција и заштита на целото население.
·За таа цел, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на Одделот за кардиологија во сабота и недела во периодот од 10 до 16 часот промотивно ги намали цените на 7 сеопфатни кардиолошки пакети, кои содржат кардиолошки услуги што гарантираат комплетна заштита на здравјето на срцето, кардиолошка превенција, но и прецизно и навремено детектирање на секој кардиолошки проблем.
Во зависност од здравствената состојба на пациентот и препораката од кардиологот, пациентот добива преглед од специјалист кардиолог, ЕКГ, ехо, коронарен стрес-тест или доплер. Промотивната цена на специјалните кардиолошки пакети е намалена до 50%.
ØГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО
Посебни попусти по повод роденденот ќе има и на Одделот за гинекологија, каде што секоја сабота од 10 до 16 часот можете да искористите 50% попуст за два понудени гинеколошки пакети.
·Првиот пакет опфаќа ултразвучен преглед, ПАП-тест и здравствено советување.
·Вториот пакет се состои од ултразвучен преглед со здравствено советување.
Овој попуст е наменет за сите девојки и жени, но се надеваме дека со него ќе ги поттикнеме и младите матурантки, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста за грижата за женското здравје уште од најмлади години.
ØРАДИОЛОГИЈА
На Одделот за радиологија, кој располага со најсовремена технологија за прецизна и навремена дијагностика, за време на викендите во следните три месеци активни ќе бидат следниве попусти:
·секоја сабота во периодот од 9 до 16 часот 50% намалување ќе има за снимањето на магнетна резонанца со 1.5 и 3 Tesla,
·секоја недела во истиот период пациентите на овој оддел можат да направат мамографија, рендген-снимање или компјутерска томографија на најсовремениот Revolution Apex 512-Slice по половина цена.
За време на викендите, потребни се 72 часа за читање на резултатите, додека во работен ден резултатите се читаат за 24 часа.
Сите попусти можат да се искористат со претходно резервирање термин најдоцна до петок до 15 часот, на телефонот 02 30 99 500 или на callcenter@acibademsistina.mk
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и овој пат креирајќи ги овие промотивни пакети и попусти се става во функција на заштита на здравјето на граѓаните, нудејќи квалитетни услуги, безбедност, професионалност, прегледи со најсовремена опрема и високо стручен тим.