198 наставници покажаа интерес за програмирање со Scratch на првиот отворен час на ЕДУФРОНТ

Добивај вести на Viber

Едуфронт во поддршка на наставниците од основно образование започна со оддржување на отворени и бесплатни часеви за Scratch. На првиот отворен настан присуствуваа 198 наставници од првиот и вториот образовен период од основно образование кои покажаа особен интерес за програмирање со програмскиот јазик Scratch. Од страна на професионалните едукатори од ЕДУФРОНТ беа презентирани функционалностите на Scratch при што сите присутни имаа можност и да почнат со изработка на програми. Целосно видео од отворениот час може да се најде на YouTube каналот на Едуфронт.

Воведниот час во програмирање и Scratch наменет за одделенски наставници беше стимул за повеќе стотина наставници. На самиот отворен час беше покажано како да се спроведе Воведна активност на часот за воведување нови поими и дефиниции. Потоа беше презентиран пример на активност која може да им помогне на учениците да разберат како треба да се задаваат наредби и низа од наредби како основа на секоја компјутерска програма. Во вториот дел од часот се даде одговор на прашањето - Што е Scratch и Како се работи на Scratch веб страната. Потоа се премина на разгледување на визуелната интегрирана околина на Scratch и изработка на проект во Scratch. 

Како продолжение на овој час ЕДУФРОНТ организира и обука за програмирање и Scratch за одделенски наставници која ќе се одржи во период од 11ти  до 15ти Јануари 2021 и секој заинтересиран наставник може да се пријави на следната страна.


“Технологијата е голем дел од нашите животи, но се менува многу брзо. Како резултат на пандемијата од COVID 19 се промени и начинот на образование и нѐ доведе во едно турболентно време. Така учењето и едукацијата на децата на основите на компјутерско образование претставува предизвик. Во овие моменти нашиот едукативен центар ЕДУФРОНТ увиде дека на наставниците им се потребни вештини како да ги пренесуваат знаењата на своите ученици.” рече Гордана, сопственик на едукативниот центар Едуфронт и воедно и Scratch едукатор за време на отворениот час.

Обуката за програмирање и Scratch за наставници е базирана на наставната програма „Creative Computing Curriculum“ за Програмирање за деца „ПрограмИграм® во Scratch“  која е наменета за изучување на програмскиот јазик Scratch. Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Оваа програма е светски докажана и досега Едуфронт важи за лидер во Scratch кодирање за деца.

Scratch како платформа може да се користи за изработка на програми, анимации, презентации и игри. Истата програма може да најде примена речиси во сите наставни предмети. 


*ПР објава