3 бракови, 2 деца, задник од 27 милиони долари: Џенифер Лопез слави 51 роденден
Никој не верува дека славната убавица полни 51
година, а фановите велат дека таа изгледа барем 15 години помлада
Американската пејачка, актерка и танчерка Џенифер
Лопез е родена на 24 јули 1969 година и денес го слави својот 51 роденден, иако
изгледа многу помладо. Родена е во Бронск, Њујорк, а по потекло е од Порто Рико.
Џенифер се проби во доцните 90-ти како актерка и
пејачка и стана првата жена од Латинска Америка која заработи повеќе од еден
милион долари со филмска улога, а се проценува дека таа продала над 55 милиони
албуми ширум светот.
Покрај пеење и глума, оваа лавица е посветена и на вежбање и често споделува фотографии од теретана, а понекогаш и му се придружува на нејзиниот познат свршеник, пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез (44).
Двојката ужива во нивната врска и се чини дека пејачката на и оди одлично и на приватно и на во деловниот свет, и не ѝ пречи што мораше да ја одложи свадбата заради корона вирусот, бидејќи, како што вели, немала време да ја организира дури и пред ковид-19.
Џенифер се проби во јавноста како танчер. Таа се појави во 1991 година во шоуто „In Living Colour“, во кое ги покажа своите вештини во танцувањето. Џенифер одлучи да направи и актерска кариера, во 1997 година ја доби главната улога во филмот „Селена“, а за тоа доби и номинација за Златен глобус.
Лопез стана првата актерка од Латинска Америка
која заработи повеќе од милион долари на филм. После тоа, таа играше улоги во
„Анаконда“ и „Далеку од очите“.
После филмскиот успех, таа се посвети на музиката,
па во 1999 година го издаде својот деби албум „On the 6“, кој беше на врвот на
топ листите низ целиот свет.
Додека нејзината музичка популарност растеше, Џенифер
ја сними романтичната комедија „Свадба од чисто небо“. Таа стана првата жена
што имала албум на врвот на музичките топ листи и филм кој имал низа успеси ширум
светот.
Иако е многу успешна, Џенифер немаше лесен пат до
успехот. Поради кариерата како танчер, таа се откажа од колеџ и се караше со
нејзината мајка.
- Спиев во плакарот во студиото за танцување. Сакав кариера како танчерка и всушност бев бездомник – изјави таа еднаш.
Лопез ги објави своите мемоари „Вистинска љубов“
во 2012 година, а во нив откри дека успешно го комплетирала триатлонот во 2008
година, што не е можно ако не сте физички подготвени пред тоа или ако не сте
спортистка која цел живот се подготвува за тоа.
- Знаете, никогаш порано не сум сторила такво
нешто. Трчав 10 милји кога имав 12 години, но никогаш не направив ништо дури и
близу до тоа. Утрото на трката, кога стоев опкружена со илјадници папараци и се
подготвував да скокам во морето, сфатив дека тоа не е најдобрата идеја -
истакна Џенифер.
Пејачката привлекува внимание со својот изглед, а
магазинот „People“ ја прогласи
за најубава жена на светот. Покрај тоа, таа е единствената жена која беше
трипати прва на списокот на 100 најсекси припадници на понежниот пол создаден
од магазинот „FHM“.
Нејзината прва јавна љубовна врска беше со
музичкиот продуцент и изведувач Шон Комбс, позната и како Паф Диди. Таа беше во
врска и со американскиот актер Бен Афлек, а меѓу фановите, парот беше познат
како „Бенифер“, но тие никогаш не зачекорија на лудиот камен.
Пејачката зад себе има три брака. Таа за прв пат
се омажи во 1997 година, а беше во брак со актерот Ојани Ном (46), само една
година.
По него, во 2001 година, таа се омажи за друг актер, Крис Џуд (50), и тие се разведоа две години подоцна. Нејзиниот последен, трет брак беше со музичарот Марк Ентони (51) и траеше 10 години. Поранешните сопружници имаат и близнаци Максимилијан и Ема (12), а нивната врска изгледаше како во романтичен филм, сè додека не се разведоа и не ја разграбија илузијата за совршен брак.
Се шпекулираше дека раскинале бидејќи пејачката наводно имала афера со кубанско-американскиот актер Вилијам Леви (39), кој се појави во нејзиното видео за песната „I'm Into You“ како главен актер.
И покрај неуспешните бракови, нејзината последна врска се одвива во добра насока од 2017 година, а Алекс е повеќе од заљубена во неа. Таа постојано открива дека тој во моментов е најголема поддршка во нејзиниот живот, а се вели дека парот работи на заедничко бебе преку ин витро оплодување.
Исто така, пејачката се погрижи да ги обезбеди најскапоцените делови од телото. Таа го осигура задникот за 27 милиони долари, а скапо ги наплаќа и своите нозе. Џенифер бара милион долари за секоја минута нејзино појавување во оглас, па не е ни чудо што има околу 400 милиони долари на нејзината банкарска сметка.
Фото: Profimedia / Tanjug / AP
Тајните на убавината на Џенифер Лопез: Како таа го почнува секое утро?