4 митови за мажите, кои се сосема погрешни: Сексот е најважен

Добивај вести на Viber

Жените се мистерија за мажите, но истото важи и за спротивниот пол. Жените мислат дека дека на мажите не им пречи ништо и се речиси не-емотивни и нечувствителни. Сметаат дека разбирањето на мажот е комплицирано и дефинитивно нивната претстава за тврдо срце е неточна. Тие исто така се луѓе и имаат чувства. Дознајте ги митовите за мажите кои се сосема погрешни и се вртат во главата на секоја жена. 

1. Мажите не се емотивни

Грешка! Мажите се повеќе емотивни од жените. Дури е докажано дека побрзо се заљубуваат и страдаат повеќе кога се разделени. Проблемот со оваа состојба не е тоа што тие не го поседуваат, туку едноставно не го покажуваат или го изразуваат тоа чувство на начин како жените. Ова е така затоа што уште од мали се научени да не ги покажуваат емоциите . 

2. За мажите, сексот е најважен 

Не е лага дека при секој нов интимен контакт со жена мажите мислат со колку мажи била таа до моментов и дали ќе остане задоволна. Дефинитивно, ако му сте се допаднале, сексот нема да биде на прво место за него. Тоа едноставно води до нешто подлабоко. Многу често, мажите сакаат романса со чаша вино и слатки приказни до утрото 

3. Важно за мажот е прв да го доживее оргазмот

 Ништо слично! Идејата и желбата на мажот за време на сексот е само и единствено да и испорача максимално задоволство на жената со која е. Како што е познато, повеќето мажи достигнуваат оргазам побрзо од жените и ако тоа се случи, тие би направиле се што е можно да направат и жената со која имаат сексуален однос и таа да има оргазам.

 4. Мажот не може да биде само пријател со жената 

Има толку многу двојки кои се навистина пријатели. Нивното пријателство започнало во раното детство и продолжило за цел живот. Врз основа на односот помеѓу брат и сестра, а не помеѓу маж и жена. Не е исклучено човекот да го најде совршениот пријател на професионален начин и тоа да е жена.