42 милиони жени се воодушевени од методот 10 секунди кој прави грива од вашата коса: Доколку сакате богата опашка со волумен, овој трик е за вас (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Високата опашка која ја нарекуваме и коњско опавче е една од оние класични и секогаш привлечни фризури кои лесно се прават и се одличен избор за речиси секоја пригода. Ја обожаваат дури и познатите дами, а холивудскиот фризер Крис Еплтон, кој е задолжен за фризурите на Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Аријана Гранде, „докторираше“ бројни варијанти со висока опашка.

Тој неодамна ни покажа како се прави оваа фризура - предлага всушност да врземе две репчиња, едно над друго, а горното да го покрива долното, за визуелно да ја направи нашата коса да изгледа подолга и погуста.

Watch on TikTok

Но, неодамна една тиктокерка покажа уште поедноставен и побрз начин за правење на оваа фризура, а се што ви треба е ластик за коса и поголема шнола. Нејзиниот трик до таа мера ги воодушеви корисниците на оваа социјална мрежа што достигна над 42 милиони прегледи!


Таа во своето кратко видео покажува како веќе врзаната опашка ја дели на два дела, горен и долен, а потоа под горната закачува штипка за коса, по што ја пушта опашката слободно да падне над неа, што веднаш ѝ дава волумен, а целата фризура изгледа многу побогато и погламурозно.


Таа покажа уште еден, идентичен, но уште полесен метод на врзување на опавче, во кој само ставате шнола под опавчето и готово - вашето опавче ќе добие холивудски шмек!

извор:zenablic