Едноставни а убави: Предлози за елегантни и женствени фризури кои ќе ги направите за работа во три потези

Добивај вести на Viber

Направете фризура во три чекори и бидете убави цел ден

Да блескаш секој ден на работа не е лесна задача, а фризурата е најтешка. Не грижете се, донесуваме предлози за елегантни и женствени фризури за работа со кои нема да останете незабележани.

Плетенка

Некои плетенки може да изгледаат премногу лежерно за да бидат идеални фризури за работа. Останете верни на класичните, едноставни модели на француски плетенки. Доколку имате коса во омбре бои, таа ќе ја направи вашата плетенка уште поубава.

View this post on Instagram

A post shared by Sandra’s Braids Hair (@sandras_braids)


Брановидна коса

Брановите се секогаш во мода и одговараат на секоја облека. Одличен начин да ги создадете е со помош на пегла за коса.



Конско опавче

Со ваква фризура можете да бидете во канцеларија попладне, а навечер да излезете на состанок. Зошто да не?

Кога ќе се појавите со опавче, ќе изгледате како штотуку да сте излегле од фризерски салон, а всушност, нема ништо поедноставно.


Неуредна пунџа

Висока пунџа - зајаче е симпатичен и класичен пример за фризура што лесно можете да ја направите на работа. Погодна е за бизнис кежуал варијанти. Елегантна и софистицирана, а сепак модерна и опуштена.

View this post on Instagram

A post shared by Kendal Harler | CLT Color + Extensions (@harler.hair)