45 дена откако стана мајка, го загуби животот: Тажната судбина на една од најубавите жени во Југославија
Изминаа 23
години од смртта на актерската
дива Ена Беговиќ.
Една од најубавите југословенски диви, Јелена Ена Беговиќ е родена на 8 јули 1960 година во Трпањ. Ена завршила основно училиште во Трпањ, Пељешац, а гимназија завршила во Дубровник.
Како студентка извесен период живеела и во студентски дом. Иако ја опишуваат како исклучително топла, отворена и пријателска личност, таа беше импулсивна и бестрашна во исто време, па дури беше исфрлена од нејзиниот дом и мораше да живее како потстанар.
Кога се преселила во Загреб, прво се запишала на Правниот факултет, но режисерот Лордан Зафрановиќ ја наговорил да се запише на Академијата за драмски уметности во Загреб.
Имено, токму Зафрановиќ ја забележал во една претстава и ѝ понудил улога во филмот „Окупација во 26 слики“.
По дипломирањето на Академијата, таа веруваше дека ќе глуми првенствено во филмови, но театарот и донесе вистинска слава и признание. Првата забележителна улога ја имаше во 1981 година во филмот „Падот на Италија“.
Иако имаше само 40 години кога почина, Ена глумеше дури 98 улоги во театар, филм и телевизија. Таа вредно работеше од 1978 година, се до нејзината смрт.
Можеби најпозната нејзина улога е бароницата Кастели во „Глембајеви“, за која во 1988 година ја освои Златната арена за епизодна женска улога, но ја одби.
Ена Беговиќ имаше само 28 години кога одби да ја добие Златната арена на 35. Филмски фестивал во Пула. Тоа беше скандал и преседан, но нејзината улога ја сметаше за главна, а не за епизодна.
Покрај актерскиот талент, Ена го маѓепса регионот со својата ненадмината убавина и беше една од најубавите југословенски диви.
Истата година кога прерано не напушти, Ена за само 55 дена се омажи за Јосип Радељак, ја роди ќерката Леа, наполни 40 години и почина.
Ена загина во трагична сообраќајна несреќа на Брач, само 45 дена по породувањето.
Во моментот на несреќата на 15 август, Ена патувала со Јосип Радељак, неговиот син Лео, мајката Терез Беговиќ и малата Лана на ручек со семејните пријатели на Брач.
Автомобилот го управувал неискусниот Лео кој ја одминал куќата и продолжил да вози по тесен, стрмен пат. Во еден момент камен го скршил светлото за магла, поради што Јосип инсистирал да го преземе воланот. Двајцата излегле од автомобилот, а тој почнал неконтролирано да се лизга наназад, по што џипот завршил во провалија.
Од несреќата со повреди излегле Тереза, мајката на Ена, како и малата Лана. За жал, Ена испаднала од автомобилот и се здобила со повреди поради кои набрзо починала.
По трагедијата следеше судење кое траеше седум години. Лео Радељак е ослободен од обвиненијата, а за несреќата е обвинет неисправниот менувач на џипот.
Како што раскажале нејзините пријатели по нејзината смрт, Ена најмногу се плашела од возење автомобил и летање. Сè дополнителни се влошило по сообраќајната несреќа што ја имала во 1996 година, во која животот го загубил мотоциклист, додека нејзината пријателка била тешко повредена.
За таа несреќа виновна била актерката која е осудена на три години условна казна, а од психолошкиот шок што го доживеала никогаш не се опоравила.
Фото:youtube/screenshot