5 модели на чанти кои ќе се носат оваа есен: Од макси до минималистички парчиња, еве во што вреди да се инвестира
Откриваме кои 5 трендови на чанти ќе доминираат во есенските комбинации, но ќе ги видиме и во другите сезони
Чантите се слабост за многу дами бидејќи е многу лесно да се заљубите во нив на прв поглед. Меѓутоа, во одреден момент обично одлучуваме да инвестираме во подолготрајни модни додатоци, а не во нефункционални модели. За среќа, некои основни модели се во тренд оваа есен.
На ревиите есен/зима 2022 година доминираа класични силуети како што се шик чанти со полумесечина или класични големи чанти.
Од совршена работна чанта до минималистички модели, овие 5 трендови ќе доминираат во есенските комбинации, но ќе ги видиме и во другите сезони.
1. Голема чанта
Големите чанти повеќе не се само за работа и тренинг. Ваква голема чанта за секој ден беше видена на модните писти за есен 2022 година во „The Row“, „Khaite“ и „Брендон Максвел“. Практична е за носење, затоа инвестирајте во чанта која може да собере многу работи- полнач за мобилен, паричник, чадор и неколку кармини одеднаш.
2. „Fluffy“ чанта
Ваквите меки чанти беа тренд во 00-тите, па не е изненадување што се враќаат оваа есен. Брендовите ги претставија своите модели од вештачко крзно кои совршено ќе одговараат на вашата естетика во постудените денови.
3. Чанта во форма на полумесечина
Ако еден тренд на чанти доминираше на модните ревии есен/зима 2022 година, тоа беше моделот со облик на полумесечина. Го прикажуваат сите, од „Миу Миу“ до „Ботега Венера“ и „Луј Витон“, па дефинитивно вреди да се инвестира во еден ваков моден додаток.
4. Чанта за преку рамо
Секоја колекција чанти има потреба од безвременска чанта за преку рамо, без разлика на сезоната. Ако барате нов, размислете за модел во стилот на 90-тите. Изгледа особено шик со неутрални есенски тонови и лесно преминува од дневни во вечерни прилики.
5. Чанта за забави („Party“ чанта)
Понекогаш ви требаат само малку сјај и светки. Трендот со светкави чанти постои веќе некое време, но тука е да остане и оваа есен. Ваквите модели ќе ви дадат совршен финиш за вечерно излегување.
Извор: elle.rs