5 Модели на фустани кои го кријат стомакот: Вниманието го ставаат на тоа што вам ви е најубаво (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Насловно фото: Фрипик

Фустанот е најбагодарното парче од летната гардероба, а доколку барате модел кој ќе го извади максимумот од вашата фигура, мирни сте до крајот на сезоната.

Фустанот е идеално парче за лето, па доколку го барате ова парче облека и се уште не сте задоволни со вашата фигура, тогаш треба да изберете фустан кој ќе ви биде летен сојузник. А тоа значи – никогаш широк фустан, бидејќи нема да ве сокрие, никако тесен и залепен фустан, нема да ве стегне. Всушност треба да избегнувате ткаенини кои го нагласуваат стомакот, а главната опасност е плетен памук или фустан со погрешна големина. Акцентот треба да се стави на делот од телото од кој сте задоволни и моделот да се исече онаму каде што сте најтенки.


За да може фустанот да го израмни пределот на стомакот, но да не изгледа како безоблична наметка, треба:

да биде сошиен од ткаенина која ја задржува својата форма, а нејзиниот крој и принт го одвлекуваат вниманието од проблемот.

1. Фустан-Елек


Елек направен од ткаенина што ја задржува својата форма е идеален за секојдневна работа. Материјалот може да биде подебел памук, мазен лен и сл.


2. Фустан со преклоп


Фустаните со преклоп се идеални за овој проблем - двете страни создаваат структура во пределот на половината, а во тој дел се формира двоен слој материјал низ кој не може да се види маната.


3. Фустан со јазол

Една од варијантите на фустаните со преклоп е моделот со јазол. Ткаенината не се преклопува, туку едноставно драпира.


4. Фустан со висок струк

Поставувањето на половината повисоко од анатомскиот дел, над стомакот – е добра стратешка одлука, но понекогаш е засенета од една мала нијанса... Избегнувајте модели со многу полни здолништа.


5. Ткаенини кои создаваат оптичка илузија

Визуелните ефекти ќе ви помогнат да го прилагодите речиси секој рез на нијансите на вашата половина. Првиот ефект се вертикални пруги.


Колор блокот

 може да „исцрта“ правилни линии што ќе ги сокријат наборите. Важно е само правилно да ги распоредите блоковите во боја.