5 тренди и едноставни начини да блеснете на новогодишната ноќ: Трикови кои за неколку секунди го подигнуваат целиот изглед на повисоко ниво (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Влезете во 2023 година со стил, со впечатлива шминка и привлечни детали, препуштeте се себеси и облечете се во стилот на холивудска ѕвезда за специјална премиера или пејачка за спектакуларен концерт. Сепак, новогодишната ноќ е изговор за малку кич и многу сјај, нели?!

Овој пат ви пренесуваме пет едноставни трикови за убавина кои ќе го подигнат вашиот изглед на ново ниво, а не чинат многу и можете лесно да ги испробате.

1. Сјајни и светкави сенки на очите

Ако нешто е добар изговор за килограм сјај и светки на лицето, тоа е новогодишната ноќ! Ставете добра светкава сенка или молив за очи и блеснете!

2. Допир на злато на ноктите

Повеќето жени сакаат убави, добро обликувани нокти, а Новата година секако бара посебен маникир! Нека ве инспирира златната боја - празнична и шик, а со еден поглед на златните, блескави нокти „паѓаме“ во празнично расположение.

3. Блескави детали во косата

Сјајните прамени во косата се забавен, младешки тренд и тоа го сакаат тинејџерките, но за новогодишната ноќ - на сите им е дозволено! Едноставно купете метални конци и украсете ја косата со нив, а ако тоа ви е премногу, секогаш можете да одите на варијанта - шноли со циркони, светкави венчиња и други украси за коса.

4. Црвени усни

фото: Profimedia

Ништо не е толку секси или заводливо како црвениот кармин! 
Ни дава доза на гламур и елеганција, без разлика каква облека носиме. Одберете ја нијансата што ви одговара и уживајте во вамп ефектот!

5. Циркони на лицето

фото:pinterest

Го сакаме овој тренд и Новата година е дефинитивно добро време да го испробаме! Околу очите, па дури и да не е на очните капаци, туку до нив, залепете ситни циркони, мониста или светкави налепници - ефектот ќе биде неверојатен! 

извор:zena.blic