7 дневни ритуали кои вашето дете ќе ги обожава

Ако барате инспирација за дневни ритуали и активности што можете да ги направите со своите деца, вие сте на вистинското место!

Суштината на родителството не е во совршено подготвеното јадење или во планираните празници, туку во малите моменти и ритуали што децата најубаво ги паметат. Ако сè уште немате свои ритуали со децата или барате инспирација за нови, ви предлагаме неколку предлози на активности кои децата ќе ги обожаваат и целосно ќе се занесат.


Пешачењето е секогаш добра идеја

Најмалку 3 пати неделно, организирајте прошетка по вечерата. Не мора да се долги прошетки, доволно е 15 минути за да се направи тоа. Оваа активност е совршена можност да слушате како вашето дете го поминало денот, што е ново во училиште, што правел на спортските активности и слично. Дури и ако не зборувате премногу, вашето дете ќе ужива да поминува време со вас. Ако сте горда мајка на повеќе од едно дете, можете да закажете прошетки така што секое дете да има свој ден за пешачење, на пр: Ана во вторник и четврток, а прошетки со Филип во среда и петок. Поминување на време само со вашето дете ќе создаде чувство на специјалност и дополнително ќе ги поврзе и зајакне врските.


Торти и чај - кој би се спротивставил?

Планирајте да подготвите неколку едноставни колачи еднаш неделно и да ги вклучите вашите деца во нивната подготовка. Подготовката на намирниците, мешањето на истите или едноставно да бидат во процесоте значајно за нив и ќе резултира во голема среќа, незаборавно дружење и, без сомнение, убав десерт за да ужива во него  целото семејство.


Претпоставуваме дека вашиот омилен утрински ритуал е чаша чај или кафе со опуштено планирање во текот на денот. Па, зошто да не ги вклучите вашите деца во тоа? Подгответе чаша чај или млеко за нив, исто така, и разговарајте заедно за денот, нивните активности или за работите што сакате да ги направите тој ден.


Дружењето никогаш не е доста

Оваа сезона на празници е идеална за организирање на дружење во вечерните часови. Подгответе омилен цртан филм на вашето дете или омилен божиќен филм и придружете му се во мала авантура. Можете исто така да ја декорирате вашата дневна соба со светла за да создадете магична атмосфера. Не заборавајте да ги додадете и омилените бисквити и чаша млеко, кои може да бидат вашиот омилен вечерен ритуал. Ако сакате да ја продолжите забавата и да одложите малку да одите во кревет, има забава во пижама, која децата едноставно ја обожаваат.


Ритуал што во никој случај не треба да се прескокнува се друштвените игри

Игрите ги учат децата како да чекаат во ред, како да бидат тимски играч и како секоја одлука повлекува последица, позитивна или негативна. Може да биде популарниот Монопол или некаква игра со карти, сеедно е. Важно е да комуницирате лице в лице и да уживате во вашиот забавен ритуал.


Соработувајте за сè

Вашето дете ве „мачи“ со месеци, а можеби и неколку години за да земете домашно милениче? Ова е одлично затоа што сега имате заедничка одговорност и активности да ги поминете заедно. Научете го вашето дете како домашните миленици се големо богатство, но и одговорност, така што тие ќе се одговорни да му дадат  храна и вода. Давањето задачи на децата ќе создаде чувство на „важност“ и гордост во нив, и ова е одлична можност повторно да соработувате за да ги извршувате задачите и да се дружите. Одгледувањето на миленичиња заедно, исто така, треба да стане правило.


Кога детето црта во дневната соба, тој или таа игра со кукли или автомобили, седнете крај него или неа и придружете им се во играта

Нема поголемо задоволство на децата отколку да можат да играат со вас и да видат дека сте активно вклучени во тоа.


Ако некои од овие мали, но вредни ритуали ве инспирираа, можете да ги примените денес и да не заборавите, ваквите моменти се паметат најдолго!