7 работи кои не смеете да им дозволувате другите да ви ги прават

Добивај вести на Viber

Кога и да имате работа со тешки или непријателски настроени лица, важно е да заземете став. Ова е ваш живот. Можеби не можете да контролирате се што ви прават другите но  можете да одлучите дека нема да седите во некој агол, дозволувајќи другите да ве туркаат.
Можете да одлучите дека нивните дела и постапки нема да влијаат на вашето срце и ум. А пред се, можете да одлучите покрај кого ќе се движите утре, а кого ќе оставите зад себе и тоа уште денес.

Никогаш немојте да ги дозволувате другите лиѓе да ви ги прават овие работи:

Не дозволувајте другите да ве вовлекуваат во непотребни расправии

Немојте никогаш да губите време обидувајќи се да се објаснувате со луѓе кои неколку пати покажале дека немаат разбирање за вас. Не ја дефинирајте својата интелигенција според бројот на кавги од кои сте излегле како победник, туку според тоа колку пати сте рекле дека кавгата не е вредна за вашето време.

Не дозволувајте другите да ве вовлечат во нивната негативност

Позитивноста е избор. Бирајте мудро. Бидете доволно мудри за да се оддалечите од негативноста која ве опкружува, затоа што негативноста не е вредна за да постои во вашиот живот.

Не дозволувајте другите да ве малтретираат

Насилничкото однесување е погрешно. Не постои слобода на овој свет која некому дава право да ја напаѓа вашата личност. Имајте на ум дека никој нема моќ да направи да се чувствувате мали, освен ако вие не го дозволите тоа.

Не дозволувајте вашите пријатели да бидат неискрени кон вас

Ако не се искрени, тогаш не ви се ни пријатели. Не можете да го бирате семејството, но пријателите  можете. Бидете прав пријател кон сите кои го заслужуваат тоа, а до себе држете ги само вистинските и искрени пријатели.

Не дозволувајте постојано да ве лажат истите луѓе

Ако фатите некого во лага, проговорете! Некои луѓе ќе се обидат постојано да ве лажат за да ги остварат своите лични интереси. Личноста која ве лаже не е добра личност. Бегајте што подалеку!

Не дозволувајте луѓето да ве искористуваат

Понекогаш луѓето не ги забележуваат работите кои ги правите за нив се додека не престанете да ги правите. Тоа не е во ред. Сфатете го тоа. Вие заслужувате подобро! Вие заслужувате луѓе со кои можете да се смеете, луѓе кои не ве земаат здраво за готово и кои никогаш нема да ве остават на цедило.

Не дозволувајте другите да ве убедат дека промените се лоша работа

Тоа што не можете да го промените обично ве менува вас. Промените се случуваат со причина. Прифатете ги. Справете се со нив. Нема секогаш да биде лесно, но на крајот ќе се исплати!