Абортирав и не ми е жал, бидејќи тоа што го имам е тоа што го сакам. Една работа била клучна

Добивај вести на Viber

Таа вели дека еден месец пред да наполни 39 години дознала дека е бремена по четврти пат. Меган Таварес од САД родила две деца и имала еден спонтан абортус. По раѓањето на најмалото дете, гинекологот ги предупредил неа и нејзиниот сопруг дека не би било паметно да планираат уште деца бидејќи може да има сериозни компликации.

Со оглед на тоа дека доживеала прееклампсија - компликација која се јавува за време на бременоста, која се карактеризира со висок крвен притисок и знаци на оштетување на друг орган, најчесто црниот дроб или бубрезите, а потоа и синдромот HELLP - варијанта на прееклампсија која може да биде акутна.

Сопругот бил тој кој ѝ предложил да направи тест за бременост откако забележал дека ѝ се отечени градите, дека е нерасположена и почесто уморна.

- Дали си сигурна дека не си бремена? - ја прашал една вечер.

- Со месеци имам симптоми на предменопауза - самоуверено му одговорила таа, додавајќи дека сега е жена на одредена возраст и дека нема шанси да е бремена.

Била бремена, но не можела да продолжи со бременоста.

Таа нашла утеха во бројките, знаејќи дека е само една од многуте кои забремениле во средна возраст без планирање. Таа прочитала дека во 2019 година, жените во нивните 30-ти учествувале со околу 31 отсто од абортуси извршени во САД, а жените во нивните 40-ти изнесувале околу 4 отсто.

Но, кога му објаснила на својот шеф зошто ѝ требаат неколку слободни денови или кога на доверлива пријателка ѝ кажала дека ќе абортира, брзо ја прекорила затоа што останала бремена. Се срамела, очајно сакала да ја сметаат за одговорна жена, пишува Инсајдер.

Чувствувала како да мора да ја оправда својата одлука, како логиката зад неможноста да има повеќе деца поради претходните комплицирани бремености ја омекнале посуровата вистина - дека не сака да биде бремена.

Наближувајќи се на 40 години, со две момчиња, брак кој можеби нема да го преживее стресот на трето дете и со полно работно време како социјален работник, таа почувствува дека нејзиниот живот е исполнет.

Таа сака да биде мајка, но тоа било патување исполнето со компликации... Таа се сеќава дека потскокнувала околу својот најмлад син среде ноќ за да му помогне да заспие, обидувајќи се да не стапне на крцкавиот дел од подот за да не би го разбудила постарото дете, со кошула натопена во мајчино млеко и солзи.

Тоа сеќавање станало камен на тест додека ја донела својата одлука, потсетувајќи се и како се борела со постпородилна депресија, анксиозност и ПТСН и колку навистина била болна откако го родила најмладото.

Вистинската моќ било во тоа што ѝ било дозволено да направи избор врз основа на она што го сака. А она што го сакала било она што веќе го имала.


Фото: фреепик

Извор: женаблиц