Ацо Пејовиќ ги прекина приказните за неверството: „Темелите се толку цврсти што ниту торпедо не може да ги сруши“
„Семејството го изградив на сериозни темели“
Пејачот Ацо Пејовиќ со години е во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки Магдалена, Марија и Ива. Пејовиќ важи за вистински „шмекер“ па затоа не е невообичаено да кружат приказни дека е неверен.
Но Ацо реши да застане на патот на приказните, и конечно да ја затвори таа тема.
- Не ме засегаат никакви приказни, не ме засега ништо … Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив на сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат – изјави пејачот во емисијата „Е глам“, откривајќи како неговото семејство реагира на ваквите коментари:
- Се смееме дома кога ќе седнеме, изјави тој.
Во февруари 2015 година, Ацо доживеа вистинска семејна драма бидејќи неговата сопруга Билјана имаше аневризма, односно доживеа крвавење во мозокот, а во 2020 година откри колку му било тешко:
- Ми рекоа дека само еден од илјада преживува кога ќе пукне аневризма. Докторот кој ја однесе на операција ги повика моите деца да ја видат бидејќи можеби тоа е последен пат. Некако почувствував потреба да бидам сам со децата, да седам со нив … ги гушкав и ѝ реков: „Можеме да останеме и без мама, но …“ – изјави тогаш пејачот, кој за малку ќе заплачеше пред камерите, во емисијата „Преживеани“ на Милан Калиниќ на телевизија К1.