Адреналин среде пустина: Македонската водителка како „Лудиот Макс“ – Дива и нескротлива
Познатата водителка Миланка Рашиќ изненади со нејзиниот авантуристички дух.
Оваа дама навикнати сме да ја гледаме во долги фустани, на црвен килим како известува за новите филмски случувања, но овој пат Миланка изненади во подиво несекојдневно издание.
Водителката за која се вели дека времето како да запрело, бидејќи секогаш изгледа свежо и со младешки изглед, на нејзиното летување во Египет-Хургада пробала нешто ново и адреналинско.
„Лудиот Макс“, напиша Миланка на фотографиите додека вози четирицикл низ Арапската пустина, која со својата површина го зафаќа скоро целиот Арапски Полуостров.
Пустината која се простира на 2.330.000 квадратни километри е идеална за авантуристички тури со четирицикл или јавање камили за туристите.
Водителката на ова егзотично место покажа и неколку одлични модни изданија создадени за топлите летни денови.
Долги лелеави фустани со светли-летни бои, кои оставаат впечаток на свежина и опуштено издание.
Фото: Фејсбук
РФМ