„Аџибадем Систина“ овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод Месецот на карциномот на кожа, меланом, викендов овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки за своите пациенти. Прегледите ги изведуваа тимот дерматовенеролози со помош на најсовремениот дерматоскоп Mоle Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа.
„Ние повеќе години учествуваме во евромеланома- акцијата со давање бесплатни прегледи за граѓаните една сабота во мај. Околу стотина луѓе секоја година имаат можност да се прегледаат со најсовремена техника на дигитална дермоскопија Mole max HD. Акцијат, пред сè има превентивен карактер, но најзначаен е симболичниот аспект за алармирање за опасноста од појава на најопасниот рак на кожата меланом и негово навремено откривање и третман. Ако со време се открие, големи се шансите да се постигне добар резултат на излекување и преживување. Тука секогаш нагласувам дека старото народно верување дека бенките не треба да се чепкаат и да се оперираат и дека од тоа може да се добие рак се погрешни и неточни, а тоа е докажано во медицинската наука. Проблемот настанува кај оние луѓе кои доцна дошле на доктор поради тој страв, па веќе ниту операцијата не може да помогне во тие терминални фази на болеста“-објаснува доц. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија.
Со цел да се подигне свесноста на граѓаните за редовен и ран преглед на сомнителните бенки, оваа акција петта година по ред традиционално се одбележува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.