Агата Кристи: Човек не ги препознава навистина важните моменти во животот додека не стане предоцна

Добивај вести на Viber

Агата Кристи е култна англиска писателки која стана една од најпознатите авторки на криминалистички романи.

Нејзините дела станаа едни од најобјавените во историјата, по Библијата и длата на Вилијам Шекспир. Во евиденција на Агата Кристи има повеќе од 60 криминалистички романи и 19 збирки приказни, како и 6 психолошки романи објавени под псевдонимот на Мери Вестмакот. Покрај тоа, 16 нејзини претстави се одржани во Лондон.  

-Среќни луѓе не постигнуваат успех: тие се во мир со себе што едноставно не ги интересира ништо

-Мојот сопруг е археолог, а археолозите се детективи на минатото

-Навиката е нешто што не го забележувате ни сами

-Живот во текот на патувањето е сон во чиста форма

-Мајчината љубов за своето дете не може да се спореди со ништо друго на светот. Не познава никаков закон, ниту сожалување. Се спротивставува на сите нешта и безмилосно го уништува она што ќе ѝ застане на патот.

-Фактот дека алармот не ѕвонел, променил многу човечки животи

-Старите гревови имаат долги сенки

-Никогаш не правете го сами она што другите можат да го направат за вас.

-Никој не ги препознава значајните моменти од својот живот пред да биде предоцна.

-Најдобро време да се планира нова книга е додека се мијат садови.

- Добриот совет речиси сигурно ќе биде игнориран, но тоа не е причина да не го дадете.

-Човек не ги препознава навистина важните моменти во животот додека не стане предоцна.

-Малкумина од нас се онакви какви што изгледаат.

-Се омажив за археолог, бидејќи како што стареам, повеќе ќе ме цени.

-Мора да платите некаква цена за она што го сакате.

-Секоја жена може да измами маж, ако сака и ако тој е заљубен во неа.

-Смешно е да поставите детективска приказна во Њујорк. Њујорк сам по себе е детективска приказна.

-Ако ја ставите главата во устата на лавот, тогаш не смеете да се пожалите доколку некој ден ви ја одгризе.

-Луѓето треба да се интересираат за книгите, а не за нивниот автор.

-Кога фактите не одат во прилог на теоријата, тогаш напуштете ја.

-Жените ретко прават грешки во своите пресуди една за друга

-Жените не знаат како да чекаат, запамтете го ова

-Младите мислат дека се стари будали, а старите знаат дека младите се будали