Агнеса се качи на ролерки: Вака згодната Скопјанка го одржува телото во форма
Згодната инфлуенсерка Агнеса Органџива викенов уживаше во топлото пролето време и реши да го искористи пред се за одржување на нејзината витка линија.
Колку е добро и здраво возењето ролерки, за целокупното здравје, знаеме делумно сите, но ако некогаш се двоумевте и вие да се пробате на обувки на тркала тогаш сега е вистинското време.
Агнеса важи за една од оние девојки која внимава на изгледот и мора да го одржува згодното тело во форма, па оваа активност очигледно ќе ја зајакне и на физички но и на ментален начин.
Возењето ролерки го вклучува целото тело, а силата која ги оптоварува зглобовите е практично занемарлива. Ако имате од 7 до 77 години, авантуристички дух, многу енергија и сте љубител на природата, сега е вистинското време да набавите ролерки и да започнете возење со нив на кеј или на велосипедските патеки. Управувањето со овие обувки на тркала е вистинска уметност која искусните ја споредуваат со танцот. Освен самото уживање во овој тип на активност, експертите го препорачуваат бидејќи многу поволно дејствува врз кардиоваскуларниот систем, а брзото и енергично возење бара ангажирање на сите мускулни групи. Без оптоварување на тетивите и колената, се зајакнува целокупната мускулатура, особено нозете, рацете, внатрешната страна на бутовите, задните мускули …
Ролерките го подобруваат физичкото и менталното здравје, а позитивно влијаат и врз психофизичките способности. Се зголемува потрошувачката на енергија, па така дури и со умерено возење се намалуваат килограмите и се топи масното ткиво. За 60 минути возење се трошат и до 400 калории, се зајакнува сврзното ткиво и се разградува целулитот. Возењето ролерки добро дејствува и врз правилното дишење, а влијаат и на развојот на чувство за рамнотежа. Експертите препорачуваат да не се јаде најмалку 2-3 часа пред почетокот на активностите со ролерки.
FOTO: Инстаграм принтскрин