Ако има ученик со симптоми ќе биде изолиран уште во школо: Со маска и на дистанца во клупа

До училиштето ги носи родителот, на врата ги пречекува наставникот. Децата се дезинфецираат на влез, а температурата им се мери дома, пред излегување. Тој ученик што има покачена температура треба да остане дома. Во улилиштето треба да седат на дистанца, но и да носат заштитна маска. Ова се само дел од протоколите кои попладнево ги објави владата а кои ги донесе денеска, а се однесуваат на организирањето на наставата во основните и во средните училишта. Учебната година почнува од 1 октомври.

И вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште и за време на престојот во училиште задолжително треба ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и треба да носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца. Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.

„ Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште. Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците. За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците, стои во протоколите.

Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска. Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

Целиот текст за протоколите за училиште прочитајте ги на Фактор.мк