Ако сакате да се подмладите, истрижете се како кралицата Летиција: По 16 години го промени имиџот и избриша години од лицето

Добивај вести на Viber

Доволно ѝ беше да ја скрати косата и да ја носи една од најмодерните фризури, а сите забележаа колку помладо изгледа...

После многу години шпанската кралица Летиција сакаше да го промени својот имиџ и она што го видовме беше навистина вистинско освежување.

Една од најомилените жени во Шпанија, мајка на две деца дебитираше со нова фризура во средата кога таа и кралот Фелипе ги пречекаа парагвајскиот претседател Сантијаго Пења Паласиос и неговата сопруга Летиција Окампос во палатата Зарзуела во Мадрид.


За ручек во палатата, шпанската кралица избра модерна и тренди јакна и панталони со двојно закопучување во маслинесто зелена боја кои одлично се вклопуваат со неа од новата колекција Bibma y Lola.

Летиција ја покажа својата шик фризура само еден ден по патувањето во Велика Британија. Косата потоа и падна до половина на грбот, а сега ја истрижела на страничен крој, што за неа е навистина драстична промена.


Фелипе и Летиција им се придружија на членовите на грчкото и британското кралско семејство на комеморацијата што се одржа во капелата Свети Џорџ во Виндзор. Покојниот грчки крал бил помладиот брат на мајката на Фелипе, кралицата Софија.


Кралицата Софија и нејзината сестра принцезата Ирина од Грција и Данска, исто така, присуствуваа на комеморацијата на нивниот покоен брат на 27 февруари, како и сестрите на Фелипе, Инфанта Елена и Инфанта Кристина и нивниот татко Хуан Карлос Први.


Летиција е личност која не сака често да експериментира кога е изгледот во прашање, но и покрај тоа секогаш изгледа одлично. Тоа го поткрепува и фактот што од 2008 година Летиција има иста боја и должина на коса.

Сепак, се чини дека после 16 години конечно собра храброст да го промени имиџот и направи полн погодок, бидејќи оваа младешка фризура ги симна годините од нејзиното лице и направи да изгледа фантастично.


ФОТО: Инстаграм