Ако сакате мир и просперитет, веднаш исфрлете ги овие предмети од кујната

Добивај вести на Viber

Кога последен пат темелно ја исчистивте кујната? Дали знаевте дека чистата кујна привлекува пари? И дека со потспремање на неколку ситници во оваа соба можете да ги избркате кавгите и неуспехот од домот? Еве неколку причини зошто да ги прочитате овие совети и да ја освежите вашата кујна!

Пластични садови за храна кои ја промениле бојата

Доколку забележите дека пластичните садови во кои го носите ручекот на работа ја промениле бојата или имаат флеки кои нема да се отстранат со миење, време е да ги замените.

Оштетени и напукани садови

Садовите што се оштетени може да бидат опасни за употреба. Исечените рабови може да предизвикаат повреди при миење садови, а разлабавените рачки може целосно да се откинат при употреба. Фрлете ги таквите садови и користете само неоштетени.

Парчиња алуминиумска фолија

Оние мали парчиња алуминиумска фолија за кои постојано мислите дека ќе ги искористите, веројатно никогаш нема да ги користите. Затоа слободно фрлете ги оние ситници кои едноставно зафаќаат простор, пишува пинк.рс.

'Рѓосани калапи за мафини

Калапи за мафини со 'рѓосана површина нема да обезбедат оптимално печење на вашите колачи, туку ќе им дадат застарен и изгорен вкус. Време е да ги замените.

Стари тапи

Чувајте тапи кои имаат сентиментална вредност, но слободно фрлете ги сите други тапи. Непотребно зафаќаат простор и прават хаос.

Поцрнети дрвени садови

Доколку вашите бркалки, сукала или други дрвени кујнски прибор се поцрнети или оштетени, време е да ги замените со нови, чисти и квалитетни.

Сè што е истечен рок

Поминете низ фрижидерот, полиците и фиоките и фрлете сè што е со истечен рок или е лошо. Нема компромис – се‘ што е со истечен рок оди во канта.


Фото: freepik