Ако се венчаат можам да им бидам кум: Поранешниот сопруг на Анѓелка проговори за нејзината бременост со неговиот најдобар пријател
Дарио Прпиќ, поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ, која чека дете со сега веќе неговиот бивши најдобар пријател Марко, досега не сакаше јавно да зборува за оваа афера. Само еднаш прокоментира дека слушнал дека актерката е бремена.
Според луѓето од неговото блиско опкружување, тој мирно ја прифатил оваа вест, но ставил крај на долгогодишното пријателство со Марко, на кој требаше да биде и кум на свадбата со неговата поранешна девојка. Дарио не се занимава со скандалот за кој пишуваат медиумите, но и целиот град, тој е посветен на работата и семејството.
За Курир, тој го прекршил „заветот на молчење“ и низ смеа изјавил:
- Им посакувам многу среќа, ако се венчаат можам да им бидам кум! Марко ако сака да ми го земе презимето, немам ништо против - се пошегува истакнатиот белградски сопственик на ресторан, чие презиме и покрај разводот, актерката се уште го носи. Нејзиното моминско презиме е Стевиќ, Анѓелка Стевиќ.
Да потсетиме, актерката е во петтиот месец од бременоста, а со сегашниот партнер се познава долги години. Го запознала преку бившиот сопруг додека се уште се забавувале, а тој бил на нивната свадба, за што сведочат снимките од емисијата „Папарацо лов“. Тој тогаш бил еден од повеселите гости, кој се радувал на среќата на Анѓелка и Дарио, не знаејќи дека години подоцна ќе биде во врска со неа.
Дури неодамна беше откриено дека тие двајцата се заедно и дека ќе добијат бебе за четири месеци. Анѓелка претходно на Инстаграм објави фотографии од сегашниот партнер, но никој не се посомнева дека има нешто меѓу нив. Ниту кога тој беше еден од гостите на вечерата што таа ја приреди за нејзиниот 38 роденден во октомври. Во тоа време само неколку нивни пријатели знаеле дека се во врска и дека ќе станат родители.
фото:INSTAGRAM
Инаку, Прпиќ дознал дека Анѓелка е бремена со неговиот најдобар пријател од многу блиска личност и веднаш поверувал во вистинитоста на информацијата. Поранешната сопруга го криела тоа од него. Отпрвин бил во шок, но подоцна прифатил.
Марко во март ја раскина врската од 11 години, па свадбата на која се планираше Дарио да биде кум не се одржа. Се претпоставува дека од тогаш најдобриот пријател на Прпиќ е со Анѓелка.
Инаку Дарио и Анѓелка се родители на едно заедничко дете.
извор: Курир.рс
Актерката Анѓелка која се разведе по 9 години брак, сега е бремена: Чека дете со кумот (ФОТО)