Актерката Анѓелка која се разведе по 9 години брак, сега е бремена: Чека дете со кумот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерката Анѓелка Прпиќ е бремена, тоа е вест која денес одекна како бомба во српските медиуми. Актерката неодамна се разведе по девет години брак во кој го доби нејзиниот син Јакша.

А сега се шпекулира кој е таткото на второто дете кое го очекува.
Српски Блиц ексклузивно дознава дека тоа е нејзиниот кум.

Поточно, Анѓелка чека бебе со М.Ж., кој бил кум на Дарио Прпиќ и Анѓелка на нивната свадба.

- На пријателите и семејството им ја соопшти радосната вест и не крие дека е лудо заљубен. Сепак, мислеше дека ќе остане само во кругот на најблиските. Колку ја сака најдобро говори тоа што за актерката ја остави долгогодишната партнерка. Оваа ни Анѓелка не го криеше од најблиските, но се трудеше да не дојде до јавноста – изјавил за „Блиц“ добро упатен извор.

Блиц се обиделе да стапат во контакт со М.Ж. Тој прво се збунил, па ја спуштил слушалката и не сакал ни да одговори на пораките. Исто така, обидот да се добие изјава од актерката исто така бил неуспешен бидејќи и таа не сакала да се огласува во јавноста.

Инаку, изминативе десет години М.Ж. бил и најдобар пријател на Дарио, поранешниот сопруг на Анѓелка, а често поминувале време заедно, оделе на забави и заедно патувале.

Да потсетиме, Анѓелка Прпиќ се омажи за Дарио во 2011 година и со него го има синот Јакша. По девет години брак, парот се разведе, а се шпекулира дека пропаѓањето на оваа љубов се должи на љубомората на Дарио, кој не можел да го поднесе тоа што Анѓелка морала да глуми интимни сцени со колегите.

извор:blic

Идиличната љубовна приказна на Анѓелка и Дарио Прпиќ: Дали следува развод?

Ѕирнете во домот на Анѓелка Прпиќ: Овде го најде мирот по турбулентниот развод, а еден детаљ посебно го одзема здивот! (ФОТО)