Aко сексот не е пат за бегство од дното, ајде, не бегај одовде: Стих од италијанската Brividi, која ја доби наградата за најдобар текст на годинешната Евровизија

Фото:EPA

Тралала, нанана, опа опа. Овие зборови беа синоним за голем дел од евровизиските песни во изминативе децении. Со нив следбениците на изборот ја опишуваа некреативноста и  баналноста на текстовите, бидејќи изведувачите многу повеќе типуваа на сценскиот настап и „драмите“ зад кулисите.

Со годините односот кон текстовите се промени. Приказната или пораката која ја тие ја носат, стана клучна за висок пласман на обложувалниците и на евровизиската табела. Пример за тоа е Џамала, која во 2016 година ѝ ја донесе победата на Украина.  Покрај одличната вокална изведба, симпатитиите на публиката ги придоби и со пораката во текстот „1944“ – пееше за нејзините роднини, татарски Руси прогонети од Крим, по Втората светска војна. Таа година првпат на Евровизја се воведе и наградата, за најдобар текст “Eurostory Best Lyrics Award” , кој го освои Украинката. .  

Годинава за истата награда во конкуренција беа шест песни, а ја освои италијанската песна  Brividi чии автори се Махмуд и Бланко.

Ова е втора победа на Махмуд - во 2019 година тој ја доби истата награда за песната „Солди“.

Победникот го избра меѓународна стручна комисија составена од 22 автори, новинари, издавачи, текстописци и поранешни учесници на Евровизија од 17 земји, како и над 5.000 читатели на веб-страницата eurostory.nl.

Песната Brividi на Махумд и Бланко има универзална приказна. Нивната порака е „без разлика на полот или сексуалноста, сите сме доживеале ситуација кога нашите големи очекувања во љубовта почнувале да се рушат“.

На второ место се најде претставничката на Србија,  Констракта со песната In corpore sano која доби најмногу гласови од публиката. Според написите, зборот слезинка ќе остане во историјата на изборот како единствен кој некој изведувач гио отпеал. Третото место го освои украинската песна „Стефанија“ во изведба на Калуш оркестра. Нивната песна е посветена на мајките, кои повеќе ги нема. Но, поради војната во Украина, многу фанови реагираат емотивно поради  стиховите „ по разурнатите патишта секогаш ќе доаѓам кај тебе.Таа нема да ме разбуди, нема да ме разбуди во силните бури, тие се куршуми“.

Фото:EPA

На претходните две Евровизии, наградата за најдобар текст ја освои Италија - во 2021 и 2019 година.

Минатата година наградата ја доби победникот на Евровизија, италијанскиот бенд Манескин со песната „Zitti e buoni“.

Пред Италија, тоа признание ѝ припадна двапати и на Франција, - во 2018 и 2017 година.

Kолку е битен текстот, го потврдува и правилото на Евровизија: „За време на натпреварот се забранети текстови, говори и гестови од политичка природа“.Германија прв пат победи во 1982 година. Во екот на мировното движење, Никол ја освои публиката со нејзината песна „A Little Peace“. Песните за љубовта, мирот и пријателството се добредојдени на изборот, но не смеат да се омаловажуваат другите земји. Во 2009 година, Европската радиодифузна унија, која го организира фестивалот, ѝ забрани на Грузија да настапува во Москва со песната "We Don't Wanna Put In", затоа што играта со зборови во насловот беше премногу видлива. Една година пред тој Евросонг се водеше кратка војна помеѓу Русија и Грузија.

И две години пред тоа, во 2007 година, Русија исто така беше огорчена. Тогаш челниците на руската државна телевизија ги препознаа зборовите „Русија збогум“ во текстот на украинскиот уметник Верка Сердјушка. Популарната „Верка“, која претходно во Русија речиси секој ден настапуваше на некоја од телевизиите, преку ноќ беше тргната од сите програми.

Стихови од победничкиот текст Brividi (Морници)

„Сонував како летам со тебе

На дијамантски велосипед

Ми рече дека си се сменила,

Веќе не го гледам сјајот во твоите очи,

Од што се плашиш?

Дури и ако сексот не е

Пат за бегство од дното,

Ајде, не бегај одовде,

Не ме оставај ваков

Гол и наежен...

Ти, која ме будиш наутро,

Ти, која истураш вино по креветот,

Ти, која ми ја гризеш кожата,

Со твоите змиски очи

И ти, ти си спротивност од ангел,

И ти, ти си како боксер во аголот,

И ти бегаш одовде, ме оставаш ваков

Гол и наежен...“

Стихови од „СТЕФАНИЈА“     

„Полето цвета, а таа е сива,

Пеј ми приспивна песна, мамо, сакам да го слушнам твојот топол збор,

Таа ме лулаше, ми даде ритам,

И веројатно нема да ми ја одземе силата на волјата, затоа што ми ја даде,

Таа веројатно знаеше повеќе и од Соломон,

По разурнатите патишта секогаш ќе доаѓам кај тебе

Таа нема да ме разбуди, нема да ме разбуди во силните бури, тие се куршуми,

Таа ме познаваше добро,

Не беше измамена

Иако беше многу уморна, ме нишаше на време...“


С.А.Н