Актуелно // Insta вести
Раскошна Барби декорација: Роденден од бајките за ќерката на манекенката Мартина Михајловска
- 15 Мај, 2024
Поранешната водителка и модел Мартина Михајловска и нејзиниот сопруг Виктор Илоски го прославија петтиот роденден на ќерката Алана.
Огромна сала украсена како од бајките, со многу розови балони како виножита, со разни занимливости за децата (тобогани и замок), со декорации со името „Алана“... навистина судејќи по фотографиите сѐ наликуваше на Холивудски луксуз.
Роденденската торта исто така изгледаше фантастично, со омилениот лик Барби. Алана која наполни 5 години носеше розово фустанче, а мама, тато и бато Матиас беа постојано покрај неа додека таа се забавуваше со своите другарчиња.