Ако вашиот маж носи ваква облека- сигурно е дека не спие сам! Ве изневерува чим излезе во град: Тоа е тренд на Балканот, обратете внимание на деталите

Експертите открија дека облеката на мажот може да покаже дали е верен и лојален партнер или не. Доколку се сомневате во намерите на партнерот кога оди во град со пријателите, обрнете внимание на деталите на неговата маица, патики или чанта и клучеви.

Љубомората е здрава и пожелна до одреден степен. На некој начин таа вели дека вашиот партнер ви значи и дека се грижите за него. Тогаш во врската до одреден степен се наметнува прашањето за доверба, а партнерите обично имаат потреба да погледнат кого следите на социјалните мрежи, но и чии фотографии „лајкувате“, за да бидат апсолутно сигурни во вашите намери.

Една интересна студија од Универзитетот во Мичиген отиде чекор понатаму. Експертите ја открија тајната како да препознаете дали партнерот ве изневерува. Погледнете ја само неговата облека. За што се работи?

Откриле каква облека на мажите кажува дека имаат поголеми намери од класичното пиење, кога излегуваат во град со пријателите.

Последниве години, особено кај нас, стана тренд да се истакнува  што е можно поголемо лого на познат и скап бренд на маици, чанти, чевли и друга облека. А токму тимот од Мичиген откри дека мажите кои носат ваква облека се повеќе склони кон неверство.

„На тој начин изгледа дека тие инвестираат повеќе во облекување и заведување, а помалку во потенцијално родителство. Таквите мажи се повеќе заинтересирани за кратки и лежерни врски со акцент на интимните односи“, велат тие.

Друг сегмент од оваа студија, предводена од психологот Даниел Кругер, беше да се испита дали мажите кои носат понападна облека се попривлечни за жените или жените повеќе ги привлекуваат оние кои имаат повеќе цифри на картичката и можат да им обезбедат стабилна иднина.

Резултатите покажале дека колку е поголемо логото на облеката, толку е поголема можноста мажот да изневерува. Не ги интересираат долготрајните романтични врски, па помалку ги привлекуваат жени кои сакаат сериозна врска.

Инаку, жените кои учествувале во ова истражување, според психологот Кругер, воопшто не биле изненадени од резултатите.


Извор: zena.blic.rs

*Има полошо од неверство: Ако вашиот сопруг го прави ова, вие сте несреќна жена!