Актерката за емотивните бродоломи: Анџелина Џоли со силна порака за жените
Веројатно мислите дека таа има многу самодоверба и дека ништо во нејзиниот живот не ја мачи, исто како да живее бајка. Сепак, актерката откри дека, исто како и ние, понекогаш таа воопшто не се чувствува силно и дека не секогаш и оди од рака.
„Особено последните две години не ми беа баш најлесни и не се чувствував воопшто силно“, откри Анџелина, алудирајќи на нејзиниот развод од Бред Пит во 2016 година, после 12 години поминати заедно.
„Постојат и оние периоди кога тоа едноставно не ви оди и кога мора да се убедувате сами себе за да направите нешто“.
Таа вели дека кога се чувствува слабо, претпочита да и се посвети на работата.
"Тренинзите за улогите не се нималку лесни, но баш кога ми е најтешко, тогаш давам се од себе. И дури тогаш сум сигурна дека можам да постигнам се што ќе посакам. Ситуациите во кои што имам ограничен избор, о каде што морам да се справам со проблемите, ми покажуваат всушност дека јас сум способна да надминам секое негативно нешто што ми се случило во животот“.