Актерот Алек Болдвин се извлече од казната за убиство од небрижност: Затвор нема да има, а обвинителството одбива да коментира

Добивај вести на Viber

Откако медиумите соопштија дека холивудскиот актер Алек Болдвин, кој беше обвинет за убиство од небрижност на директорката на фотографија Халина Хачинс на снимањето на „Rust“ во американската држава Њу Мексико, ќе се соочи со казна затвор од 18 месеци како и парична казна, вчера одекна веста дека обвиненијата за случајот се отфрлени. 

- Задоволни сме од одлуката да се отфрли случајот против Алек Болдвин и го поддржуваме отворањето на соодветна истрага за фактите и околностите на оваа трагична несреќа, се наведува изјавата на адвокатите на Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро.

Обвинителството на Њу Мексико, пак одби да ја коментира оваа одлука.

Инаку четириесет и две годишната Хачинс беше убиена кога од пиштол со кој вежбал Болдвин за време на снимањето во Њу Мексико. Во текот на подготовките актерот истрелал вистински куршуми кој ги погодил неа и режисерот Џоел Соуза, кој за среќа преживеа.

Канцеларијата на шерифот го истражуваше случајот и како вистинските куршуми се нашле на филмскиот сет, и како огненото оружје било наполнето со нив.

Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на снимателката и изјави дека никогаш не требало да се дозволат вистински куршуми на филмскиот сет. Тој стоеше цврсто на ставот дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, термин кој означува дека оружјето е безбедено за употреба.


Фото: Youtube/Screenshot