Албанците доминираа на Евровизија: Цело семејство покажа како се пее
Албанската претставничка на овогодинешната Евровизија, Албина е воедно и најмладата учесничка на „Песна на Евровизија 2023“. Таа настапи вчеравечер на втората полуфинална вечер во Ливерпул, а она што е најинтересно е дека шеснаесет годишната пејачка имаше интересна придружба.
На сцената заедно со неа беше целото семејство а само еден член остана дома. Златниот ретривер.
Таа изјави дека Евровизија забранува животни на сцена, па затоа не можела да го земе и него.
Инаку оваа учесничка покрај интересниот настап, го привлече вниманието на себе и по контроверните изјави кои наидоа на остри реакции на дел од евровизиските следбеници.
Инаку според обложувалниците, на само еден ден од големото евровизиско финале, на прво место е Шведска а на последно Албанија.
Големото финале на „Песна на евровизија 2023“, 67-мо по ред ќе се одржи утре вечер. А ќе настапуваат следните земји учеснички:
Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Словенија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија и Ерменија.