Александра ослабе 28 кг за неколку месеци: Една храна никако не ја консумирала и се преполовила
Александра Суботиќ имала 90 килограми, а успеала да ослаби
28 килограми, следејќи специјална диета.
Многу познати личности имат вишок килограми, а меѓу нив е и поранешната учесничка во реалното шоу Александра Суботиќ, која успеа да ја доведе линијата до совршенство, симнувајќи дури 28 килограми.
Откако килограмите драстично и се зголемиле - сфатила дека мора да направи нешто. Прво ја коригирала исхраната, а потоа во секојдневието го вклучила и тренингот.
„Иако цел живот бев слаба, за жал, како и повеќето луѓе, влегов во фаза во животот во која за неполни шест месеци се здебелив повеќе од 20 килограми (од 62,63 до дури 90). Бев тажна и бев несреќена и наоѓав утеха во храната. Во тие моменти храната ме смируваше, но во исто време паднав во уште поголема депресија бидејќи во тие моменти освен што бев незадоволна од мојот живот, станав незадоволна и од својот изглед, а ова почна да влијае на моето психичко и физичко здравје“, напиша Александра со фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
Нејзината исхрана била сведена на здрава храна, додека строго избегнувала шеќер. Промената била веднаш забележлива, а за само неколку месеци успеала да се преполови.
„Мајка ми ме спаси на патот на мојот раздор и распаѓање! Таа направи мени со храната што ја сакам. Бидејќи сакам слатки, не ги исклучуваше од мојата исхрана, туку ми беше дозволено да јадам само протеински барови. Дозволено ми беше да пијам и газирани пијалаци, но само без шеќер. На моето мени имаше варени јајца, чадено пилешко, виршли, пченкарни галети, но и зеленчук во неограничени количини. Јадев салата и со ручек и со вечера“, откри таа и додаде:
„Имав две ужинки, во кои грицкав бадеми, лешници, ореви, кикирики, но и овошја кои немаат многу шеќер, како што се мандарини и јаболка. Во исхраната внесував и риба и од месо бифтек. За неколку месеци се преполовив “, открила Суботиќ која освен што ја намалила исхраната почнала и да тренира.
Фото: Инстаграм